Автентичноста на празнувањето Водици во Битуше е изразена преку висок степен на присутност на изворното негување на верувањата, сродството, традиционалните носии, обредните песни, ора и зачуваноста на обредните реквизити кои се користат, пред сѐ литискиот крст во секое од кумствата, се вели во образложението на одлуката на Владата ова празнување да биде прогласено за културно наследство од особено значење

Водици во Битуше обединува вековни обичаи на македонскиот народ од Западна Македонија, е прогласено за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Со ова, Битуше и битушките обичаи конечно го добија своето заслужено место меѓу заштитени нематеријални културни добра.

Со прогласување на Водици во Битуше за културно наследство, овозможува и негово зачувување и афирмација во неговата автентична и интегрална форма која ја негува локалната заедница на селото… Како комплексен вид на нематеријално културно добро кај Македонците од Мијачијата, согласно Националната класификација припаѓа на групата обичаи од годишниот циклус, тип на обредни ора, и поттип на женски поворки. Автентичноста, пак, е изразена преку висок степен на присутност на изворното негување на верувањата, сродството, традиционалните носии, обредните песни, ора и зачуваноста на обредните реквизити кои се користат, пред сѐ литискиот крст во секое од кумствата, се вели во образложението на одлуката донесена од страна на Владата.

 

извор: вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.