Македонската режисерка Нела Витошевиќ гостува во Театарот за деца и младинци (ТДМ), информираа од Театарот.

Витошевиќ во ТДМ ќе ја работи претставата „Едвард раце-ножици“, инспирирана од култен филм на Тим Бартон.

Претставата ќе биде наменета за младинскaта публика.

„Едвард со рацете-ножици“ е американски филм од 1990 година, во режија на Тим Бартон. Главните улоги во филмот ги играат: Џони Деп, Винона Рајдер, Винсент Прајс итн. Филмот добил шест награди, а бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобра шминка, додека Џони деп бил номиниран за наградата „Златен глобус“ за најдобар глумец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.