Со настапи на уметници и музичари, но и со отворање на изложби и кино проекции, оваа сабота, на 25 септември ќе се одржи седумнаесетотто  издание на „Бела ноќ“.

Од организацијата известуваат дека поради почитување на мерките за заштита на КОВИД-19 ќе биде потребно приложување на сертификат (вакцинација/прележан), а поради запазување на капацитетот и бројот на присутни посетители, ќе важи правилото „прв дојден – прв услужен“.

Градскиот парк, Дом на градежници, Чифте амамот и Младинскиот културен центар се само дел локациите на кои што ќе се одвива културната програма, додека во населбите Драчево и Ченто ќе се одржи „Кино на трева“.

Целосната програма за овогодишното издание на „Бела ноќ“ е достапна тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.