Во Осло е отворен Музеј посветен на светски познатиот норвешки сликар Едвард Мунк. Музејот е на 13 ката, со околу 200 оригинални негови дела и вкупно 26.000 експонати.

Едвард Мунк, еден од најеминентните светски експресионисти и автор на култната слика „Крик“, е роден во Лотен во 1863 година, а умрел во Осло во 1944 година. На норвешката престолнина и оставил многу свои уметнички дела кои сега се чуваат во новиот музеј.

Плановите за изградба на музејот датираат од 2008 година, кога градот Осло објавил архитектонски конкурс. Победник на конкурсот е шпанскиот архитект Juan Herreros и неговото студио Herreros Arquitectos. Пред локалните избори во 2011 година, градот се откажува од овој проект од економски причини. Но, во мај 2013 година, се донесува одлука сепак да се врати во живот идејата за нов музеј, и тоа на локација во близина на Операта. Изградбата започнала во 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.