Во вторник (18 април) со почеток во 11 часот, во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи настан „Во име на новото“, кој има за цел да го промовира новото творештво на неколку македонски автори – членови на ДПМ.

Настанот ќе го води младиот македонист Пепи Стамков, а ќе бидат претставени Јулијана ВеличковскаИгор Анѓелков и Иван Антоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.