Продукцијата “Сестри и брат Митевски”, во Битола ќе го снима филмот „Сирена во Париз“ и има потреба од статисти.

Сите заинтересирани, од 18 до 70 години, се поканети на аудицијата што ќе се оддржи на 14 август (среда) од 12 до 15 часот во просториите на Домот на култура – Битола (Мала сала), велат од продукцијата.

Се работи за филм на белгиски копродуцент, кој минатата година снимаше филм во Македонија.

Снимањето на филмот ќе започне на 30 август годинава, една недела во Битола, а потоа во Скопје. Успехот на македонскиот филм последна година е фантастичен, покажуваме дека сме квалитетна продукција и можеме да доведеме квалитетни филмски работници, најави продуцентката Лабина Митевска од продукцијата „Сестри и брат Митевски“, која е дел од копродукцијата на филмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.