Гете-институт Скопје организира филмска вечер на 20.04.2022, во 20 часот во Кинотека на Македонија на која ќе биде прикажан петтиот од серијата германски филмови на тема солидарност – „Внатрешната сигурност“ на режисерот Кристијан Пецолд.

Португалија, одморалиште на плажа. На адолесцентката Жана и приоѓа момче на нејзина возраст. Хајнрих зборува за неговите родители во Хамбург, кои купиле вила. Но, мајката извршила самоубиство, а потоа таткото ја напуштил куќата. Жана е резервирана, не зборува за себе, се враќа кај родителите. Семејството живее во подземјето од 1970-тите, ќерката не познава друг живот. Непосредно пред планираното патување во Јужна Америка, сите пари на семејството се украдени, тие набрзина ја напуштаат Португалија и се враќаат во Германија.
Но, времињата се сменија. Парите што некогаш биле закопани повеќе немаат вредност. Но, потребни им се пари. Еден пријател од минатото, кој сега е успешен адвокат, одбива да помогне. Друг ја продаде својата издавачка куќа, стана алкохоличар, сè уште има симпатии за старите пријатели. Не успеваат да дојдат до парите. Во меѓувреме семејството се преселило во празната куќа во Хамбург. Тоа е во близина на студентскиот дом во кој живее Хајнрих, кој всушност не ги ни познава своите родители. Жана почнува да се гледа со него, почнува да се вљубува, но ништо не открива за нејзините родители. Родителите ограбуваат банка при што застрелуваат банкарски службеник, таткото е повреден. Жана му кажува на момчето дека живеат во подземјето и признава за грабежот на банката. Хајнрих ја известува полицијата…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.