На денешната седница, Владата, откако ја разгледа, ја усвои Информацијата за реализација на Проектот „Возобновување на Св. Климентовиот универзитет на Плаошник, подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство и беше дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.

Исто така, беше задолжено Министерството за финансии да обезбеди средства во висина од 50.000.000,00 денари во Буџетот на Република Македонија за 2023 и 22.700.000,00 денари во Буџетот на Република Македонија за 2024  година за реализација на Проектот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.