На 30 мај 2020 год. на наше огромно задоволство добивме ДОНАЦИЈА – визири за СИТЕ вработени во Националната галерија. Немаме зборови на благодарност до момците од 3Д Принт Медицинска опрема, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и д-р Ненад Лазаров. Директорката, д-р Дита Старова Ќерими го поздравува препознавањето од страна на тимот на 3Д принт за потребата од заштитна опрема за културните работници. Во име на сите вработени изразува бескрајна благодарност за донираните визири. Ние сме првата институција од областа на културата која доби ваква донација. Задоволни сме бидејќи степенот на безбедност е подигнат на многу повисоко ниво во однос на заштита на здравјето на посетителите, секако и на личното здравје, се заблагодарија од Националната галерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.