УНЕСКО го стави на својата листа на нематеријално културно наследство вредното византиско пеење, познатиот музички жанр што датира од почетокот на христијанството и сѐ уште се изведува во православните цркви. Светската организација по овој повод, наведува дека во музиката на Балканот и на источниот Медитеран, каде што и се протегало Византиското Царство, ова пеење се изведува а капела и монофоно, како придружба на литургиските текстови. Развиено е по третиот век од новата ера во Византија, а својот врв го доживува меѓу 13 и 15 век.

Благодарение на усното пренесување и на употребата во православните цркви, таа музика го преживеала падот на Византија под власта на Отоманската Империја, а извршила влијание и на источната народна музика.

Апликацијата ја поднесоа Грција и Кипар, кому ова му е прво културно добро впишано на листата на заштитени нематеријални добра на УНЕСКО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.