Советникот во Министерството за култура, „и ништо друго“, Висар Вишка повторно застана во одбрана на министерот Асаф Адеми за скандалот сораспределбата на годишните средства за финансисрање на проекти од културата.

Е сега откако го исфрливте целиот насобран гној во душата против Асаф и мене со “Албанците се криви” да ви кажам дека ова беше очекувано иако непосакувано.

Имено, уште од самиот почеток некои малициозни и некои корумпирани поединци се трудат да вметнат секакви сопки и скандали за да го понижат министерот и да го тргнат, оти смета.

Смета со тоа што не припаѓа на ниеден клан, со тоа е поправичен и објективен кон сите уметници.

Сите ја следите неговата работа и на неговиот тим, и успехот, како човечки, морален, па и финансиски им засмета на баш тие нереализирани души.

Сите засегнати уметници и менаџери на кои што се повикувате се јавуваат да искажат подршка и да кажат дека знаат од кај доаѓа каменот. Од блиску нели.

Така да, знаејќи го Асаф, он нема да дозволи да неговото име се искали и ќе направи се за да ги реши проблемите на засегнатите менаџери и уметници. Затоа е и министер, нели.

Така да и овојпат нема да ви успее да го сопрете прогресот поради вашите тесни коруптивни интереси.

Со почит,
Висар Вишка

Само советник, ништо друго, во Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.