Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес во тек се подготовките за nрвата годинашна премиера на претставата „Кредит”.

Претставата „Кредит” е по текст на Жорби Галсеран, во режија на Ненад Витанов, а сценографија на Филип Коруновски.

Како што појасни режисерот Витанов, станува збор за дуодрама, направена во жанрот на комедија во која се претставени згоди и незгоди при земање на кредит од банка.

Во претставата ќе настапуваат актерите Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски.Премиерата за претставата планирано е да се изведе кон средината на февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.