Во киното „Фросина” вечерва во 20 часот ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „СК2020” (работен наслов „Здив”) во сценарио и режија на Радован Петровиќ.

Филмот ја третира темата на загадувањето и дилемата на едно македонско семејство дали да ја напушти државата. Филмот се снимаше оваа зима на локации во Скопје.

Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Торијан Азгоур и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Симо Бранов, шминка Ирена Сенокозлиоска, дизајн на звук Ристо Алчинов, а монтажер Радован Петровиќ.

Продуценти се Роберт Насков и Сања Тодоровска-Арсова. Тонската постпродукција се одвиваше во Аудиохаус, а видео постродукцијата во фх3х. Филмот е во продукција на Кино око, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.