Од 5 – 7ми август во Стар Дојран ќе се одржи првото издание на Меѓународниот филмски фестивал ПРЕКУ ЕЗЕРОТО / ACROSS THE LAKE DOJRAN FILM FESTIVAL.
Ова е фестивал на медитеранскиот и европскиот филм и автори кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земији и е прв филмски фестивал од оваков формат во Македонија, кој ќе го збогати културниот живот во градот и околината и традиционално ќе се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото.

“ПРЕКУ ЕЗЕРОТО“ е иницијатива предводена од Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент.

За ова прво издание селектирани се 9 исклучителни кратки филмови од 8 медитерански земји, со актуелни теми кои се раскажани со медитерански дух, специфичен и посебен во уметноста на филмот.

Ви ја претставуваме главната натпреварувачка програма:

  1. А ЛА КАРТ на Василис Циуварас и Таксиархис Делијанис / ГРЦИЈА / 2022
    A LA CARTE by Vassilis Tsiouvaras and Taxiarchis Deligiannis / GREECE / 2022
  2. ПРЕСУДА на Дора Јунг / Србија / 2022
    VERDICT by Dora Jung / Serbia / 2022
  3. МАРКО на Марко Шантиќ / Хрватска / 2021
    MARKO by Marko Shantic / Croatia / 2021
  4. ПЕРИКИ на Ангела Димеска / МАКЕДОНИЈА / 2022
    WIGS by Angela Dimeska / MACEDONIA / 2022
  5. ВИНОЖИТО на Александар Вујовиќ / ЦРНА ГОРА / 2020
    RAINBOW – Aleksandar Vujovic / MONTE NEGRO / 2020
  6. КРИМИНАЛЦИ на Серхат Караслан / ТУРЦИЈА / 2021
    THE CRIMINALS by Serhat Karaaslan / TURKEY / 2021
  7. ШТО НЕ ЗНАЕМЕ ЗА МАРИЈАМ на Морад Мостафа / ЕГИПЕТ / 2021
    WHAT WE DON`T KNOW ABOUT MARIAM by Morad Mostafa / EGYPT / 2021
  8. СВЕТИОТ СИН на Аљоша Масине / ИТАЛИЈА / 2022
    FIGLIO SANTO(HOLY SON) by Aliosha Massine / ITALY 2022
  9. ПОГЛЕД ОД БАЛКОН на Арис Капланидис / ГРЦИЈА / 2021
    VIEW FROM THE BALCONY by Aris Kaplanidis / HELLAS / 2021

Покрај главната програма во склоп на фестивалот ќе се прикажат и неколку долгометражни филмови од медитеранските земји кои се истакнале по особениот пристап на темата кој нуди нов поглед на нештата кој го поттикнува дијалогот помеѓу различните култури, општествени групи, нации……

Во рамките на фестивалските содржини предвиден е мастерклас на тема: „Трагањето на сценаристите по вистинското значење на темата во нивните сценарија“. Мастеркласот ќе го води докажаниот скрипт-консултатнт од Англија Џон Стивенс.

Меѓународното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција ќе го предводи истакнатиот грчки режисер Василис Мазоменос а членови на жирито се Гоце Кралевски продуцент и Ева Камчевска сценарист од Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.