Во Сули ан во Скопје во рамките на Скопско лето вечерва во 20 часот ќе биде одржан концертот “Тoday it’s all about jazz” на ЗЏМ колектив.

Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Зоран Костадиновски – гитара, Гордан Спасовски – клавијатури, Дарко Мучев – бас, Гоце Стевковски – тапани, премиерно ќе ги изведат новите, оргинални композиции.

Концертот ќе претставува вистинско освежување на македонската џез сцена, поради квалитетот на композициите, како и на инструменталистите од највисок калибар кои ќе ги изведуваат. Како што е веќе познато на пошироката јавност, по многуте квалитетни концерти одржани во нашата држава и во странство во формација на биг бенд (ЗЏМ БИГ БЕНД) во изминативе години, ЗЏМ колективот на Скопско лето ќе настапи во комбиниран состав и на публиката ќе и приреди вистинско уживање, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.