Песни од најдобрите музички поп легенди во целосно нови симфониски аранжмани изминативе два дена може да се слушнат на гала концерт по повод празникот Василица, со кој Националната опера и балет ја почна сезоната 2020. На традиционалниот концерт, насловен „Легенди” („Legends”), настапија солисти, оркестарот и хорот на Операта и балетот под диригентство на Бисера Чадловска.

Хитовите на легендите, Мајкл Џексон, Стинг, Мадона, „Квин“, Витни Хјустон, Елтон Џон, Џорџ Мајкл во изведба на Наде Талевска, Горан Наумовски, Весна Гиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Елена Петреска…ја кренаа публиката на нозе.

фото : Опера и балет/ Фејсбук

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.