Во четврток, 21 март 2019 во Салонот 19,19 во Скопје во 19 часот и 19 минути ќе биде претставена книгата „Златниот коњ: руски народни сказни“, во издание на Книгоиздателството МИ-АН од Скопје. На македонската јавност ѝ се нуди избор од богатата ризница на руските сказни, во превод на Емил Ниами. За книгата ќе зборуваат Илија Велев, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски. Изборот е направен според традиционалниот опис на руските приказни во голем број руски зборници, хрестоматии, но и според нивната популарност на Интернет.

Во зборникот се вклучени следниве руски народни приказни: Василиса Прекрасна, Репка, Баба рога, Принцот Иван, жар-птицата и сивиот волк, Разбојници, Јовче-будалчето, Гуски-лебеди, Златниот коњ, Морскиот цар и Василиса Премудра, Елена Премудра, Златниот прстен, Оди таму – не знам каде, донеси го – не знам што и Маша и мечокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.