На традиционалниот Фестивал на чајот и читањето што почнува утре и ќе трае до 15 февруари, ќе бидат изберени најдобрите читатели во земјава и тие ќе добијат комплет книги од македонски автори – изданија на „Феникс“.

Читателите ќе бидат изберени по онлајн спроведената анкета во библиотеките во Скопје и Републиката.

На фестивалот онлајн ќе биде промовирана книгата „Нова европска драма“, како и новите броеви на списанијата „Селект“ и „Книжевна академија“. Ќе бидат претставени и новите наслови од едицијата „Меридијани“, како и најновите едукативни и креативни изданија за деца и млади, најави организаторот на Фестивал – издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.