„Врти од А до Ш“ – едукативната игра за деца од предучилишна возраст, дело на креативецот Елена Стојчевска, ќе биде промовирана на 11-ти мај во 11 часот на Саемот за книга во Арената Борис Трајковски на штандот на издавачката куќа Едука Мак.
На настанот промотор ќе биде проф. д-р Мито Спасевски, стручен редактор е м-р Ели Маказлиева, a дел од тимот се и Ивана Илијоска и Елена Неделковска, активисти за деца на социјални медиуми. За присутните родители и деца ќе има работилница со аниматор и изненадувања.

Идејата за овој проект ја добив преку мојот син, тој е мојата инспирација. Сакам да го поттикнам неговиот развој на секој можен начин: визуелизација, моторика, говор, интерактивност. Едукативната игра пред сѐ е за запознавање, а потоа и за изучување на македонските кирилични букви и азбука, на лесно прифатлив начин без употреба на модерните технологии, на кои за жал децата во денешно време се многу изложени и стануваат лесно зависни од нив. Сигурна сум дека на децата и родителите ќе им се допадне играта и овој мој проект ќе биде поттик да направиме повеќе игри за едукација на децата во нашата земја вели Елена Стојчевска.

Врти од А до Ш има за цел да одговори на програмската потреба за развојот на писменоста кај децата од предучилишна возраст, во доменот препознавање пишани симболи и букви и учење на печатните букви во прво одделение низ игра, на едноставен, интерактивен и забавен начин.
Истовремено го поттикнува детето да ја именува буквата, да поврзува глас со одредена буква, да го вежба изговорот на буквата и зборот – препознатлив поим кој е насликан на илустрацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.