По првиот камерен концерт кој се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонија, овој четврток во 20 часот ќе се одржи уште еден од серијата насловена „Филхармонија за Филхармонија“.

На програмата се дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, Шуберт, Премру, Глинка и Барток. Во рамки на програмата ќе настапат квартет „Вива Стрингс“ (Елена Талевска – виолина, Димитар Михајловски – виолина, Дубравка Зајкова – виола, Дејан Теодосиевски – виолончело); триото во кое свират Илза Бафтијари (виола), Илинка Велкова (флејта), Маја Михајловска (виолончело); Пијано трио со Маријана Николовска на пијано, Даниел Лазаровски на виолина, Драган Гоневски на виолончело; Групата виолончела на Филхармонија; Трио тромбони (Бранко Илиевски, Никола Ристески и Александар Ниниќ) и триото во кое свират Елена Талевска (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Мерсиха Шукри (харфа).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.