Иако можеби на еден начин Порта Македонија е копија на Триумфалната порта во Париз која ја изградил Наполеон Бонапарта, сепак, нејзиното уривање би претставувало антицивилизациски чин, затоа што на неа преку релјефи е поставена целата историја на Македонија.

Ова го изјави за „Сител“ архитектот Вангел Божиноски, основоположник и член на почесното претседателство на архитектонскиот совет за центрана и источна Европа, кој став доаѓа после одлуката на Владата да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот Мајка Тереза.

Божиноски е исто така еден од авторите вклучени во проектот „Скопје 2014“. Негово дело е стаклената купола на Собранието каде сега се одржуваат седниците.

Уривањето на една севкупна историја значи уривање на сите напори кои ги има вложено македонската цивилизација и гордоста на Македонија, која се тие релјефи кои се претставени, има намера да ја соопшти вистината онаква каква што треба да влезе во сето светско учебникарство. Тој што сака тоа да го сруши не ја заслушува својата диплома и мислам дека тоа е антицивилизациски чин, вели архитектот Божиноски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.