Во повеќето земји во светот, музеите полека почнуваат да се отвораат, по почетокот на олеснување на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирус, но експертите предупредуваат дека долгорочното затворање оставило последици и дека, ширум светот, секој осми музеј ќе остане трајно затворен.

Студијата подготвена од УНЕСКО и Меѓународниот совет на музеи покажува дека 90% од музеите во светот, односно околу 85.000 од тие институции, морале да бидат затворени поради пандемијата.

Тие информации се алармантни, изјави за АП помошникот на генералниот директор за култура на УНЕСКО, Ернесто Отоне, додавајќи дека академијата подеднакво влијаела на големите и малите музеи, без оглед на подрачјето од каде се нивните експонати.

Помалите музеи кои се затворени со месеци и во тој период немаа никакви приходи, им се заканува трајно затворање, затоа што сега тие немаат средства потребни за исполнување на новите стандарди за одржување на физичката дистанца на посетителите и сите други барања на епидемиолозите, рече Отоне.

Студијата на УНЕСКО и ИКОМ наведува дека скоро 13 проценти од музеите во светот повеќе нема да бидат отворени, откако оние од сиромашните земји се со поголем ризик, но ситуацијата не е розова дури и во богатите земји.

Европските музејски организации изјавуваат дека големите музеи во туристичките метрополи како Париз, Амстердам или Виена изгубиле до 80 проценти од своите приходи за време на пандемијата, што се мери на стотици илјади евра на неделна основа.

Отоне изјави дека ситуацијата е особено тешка во Латинска Америка, каде што сега се затворени 99,4 проценти од музеите.

За прв пат во историјата, се случува практично сите музеи да бидат затворени на еден континент и ќе биде тешко за многумина да се опорават од кризата, рече Отоне.

Тој предупредува дека само отворањето музеј нема да значи премногу, освен ако не дојде до заживување на светскиот туризам, затоа што без туристи, музеите се практично неодржливи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.