Во периодот од 14-31 август 2019 година во Скопје, Здружението „Македонида“ за првпат организира уметничка резиденција насловена „Јужна Америка – Северна Македонија, нови почетоци.“

Гости на овогодинешната резиденција се четворица уметници од Јужна Америка: Франциско Томшич (Уругвај / Словенија), Хулиета Ортиз де Латиеро (Аргентина), Татjана Коцмyр (Аргентина / Словенија), Аугусто Гадеа (Уругвај), како и домашните автори од Скопје: Ѓорѓе Јовановиќ, Владимир Лукаш и Шќипе Мехмети.

Куратор на Проектот е Гордана Велков, додека Владимир Јанчевски е гостин куратор кој во соработка со уметниците ќе се погрижат за дефинираат тековните активности и контактите со локалната уметничка сцена. Хенрике фон Девиц од Германија ќе ja води документација за целокупниот престој и активностите на учесниците, а сите информации тековно ќе можат да се следат на блогот “Touch the Space” .

Главната тема на овогодинешната резиденција е „Допир и простор“, а идејата е уметниците да имаат можност да остварат за размена на искуства со локалната уметничка сцена.

Во текот на двонеделниот престој уметниците заедно со организаторите и кураторите, ќе се обидат да ги лоцираат точките на поврзување, преку интензивни дискусии, со цел да резултираат со заеднички договорена програма, која ќе се состои од презентација на нивните интереси и творечки фокус преку досега реализираните проекти.

Во текот на престојот предвидено е да се остварат средби со повеќе уметници и културни работници од локалната уметничка сцена, со цел да се отвори можност за идни соработки, по што ќе следи јавната презентација на уметниците како и настан во самата резиденција на кој пред пошироката јавност ќе бидат презентирани дел од нивните проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.