Театарот за деца и младинци во соработка со МРТВ, секоја недела од 12 часот ќе прикажува дел од претставите кои се на нивниот репертоар.

На овој начин сакаме да придонесеме во дружeњето со нашата верна публика, додека седиме дома, а воедно да го означиме нашиот јубилеј, 30 години од формирањето на ТДМ. Јубилејот се одбележува под мотото „30 години ТДМ – Сон што трае“, велат од Театарот.

В недела, на 22 март, во 12 часот на МРТВ ќе биде емитувана претставата „Убавицата и ѕверот”. ТДМ дополнително ќе информира за натамошните претстави кои ќе бидат емитувани на МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.