Турскиот Театар, утре (08 ноември), со почеток во 19 часот, ќе ја изведе претставата за младинци „АНА И ХАНА“, работена според мотивите на ДНЕВНИКОТ НА АНА ФРАНК, а во адаптација и режија на Драгана ГУНИН.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија, со титл на македонски јазик.

Сценографија: Беди ИБРАХИМ, Костимографија: Елена ВАНГЕЛОВСКА, Музика: Ади ИМЕРИ, Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА, Улогите ги толкуваат: АНА ФРАНК – Емине ХАЛИЛ, ХАНА – Жале ОСМАНЛИ, ХИРА – Инес РАДОНЧИЌ, ПЕТЕР – Хакан ДАЦИ, г-ѓа ФРАНК – Фунда ИБРАХИМ, г-дин ФРАНК (Пим) – Един ЈАКУПОВИЌ, г-ѓа ВАН ДАН – Зиба РАДОНЧИЌ, г-дин ВАН ДАН – Ријад ТАХИР, ПОЛИЦАЕЦ – Наџије КЕЧ

Драга Ана,

Многу се радувам што се сретнавме. Немам одговор на многу твои прашања само се надевам дека бар во еден момент допревме до твојата приказна.

Знам дека е тешко да се замисли ама фашизмот сè уште трае. Човештвото е во постојан пораз од себеси и оние на власт. Во еден момент се чини дека светот се распаѓа. Уште има војни, уште има кафези што бараат птици ама и птици што се борат за својата слобода.

Постојат луѓе како тебе што го спасуваат и го прават поубав, потопол и похуман. Иако е сè потешко.

На крај на ден и јас сакам да верувам дека луѓето се навистина добри во срцата.

Твоја Драгана

Драгана ГУНИН

Режисер на претставата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.