НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата BELLA FİGURA од Јасмина РЕЗА и во режија на Ирена Стеријовска на 10 декември (сабота) 2022 г. во 20.00 часот.

Автор:  Јасмина Реза

Режија: Ирена Стеријовска

Асистент на режија: Инес Радончиќ

Превод на турски: Билге Емин

Сценографија: Стефан Спировски

Костимографија: Ана Кркулевска Попоски

Режија на видео: Трифун Ситниковски

Продукција на видео: City Star Production

Ликовна обработка: Шенер Халил

Дизајн на светло: Владимир Димовски

Избор на музика: Ирена Стеријовска

Играат:

Зиба Радончиќ

Слаѓана Вујошевиќ

Џенап Самет

Селпин Керим

Филиз Ахмет

Специјален гостин: Инес Радончиќ

Секој може да “пукне” … под правите околности.

Bella figura е приказна која прави вивисекција на конфликтите кои модерниот човек ги води со себе и светот. Почнува со една тривијална ситуација која сосема случајно тргнува наопаку и става пет ликови во погрешно време на погрешно место, заедно.

Во оваа претстава ја истражуваме рамнотежата која ние луѓето се чини сме осудени да ја оддржуваме, често несвесни дека еквилибриумот нема карактеристики на оддржлива состојба. Bella Figura отвара прашање за односот помеѓу она што сме и она што сакаме да бидеме, за балансирањето помеѓу своите и туѓите потреби, помеѓу животот и немилосрдните закони на природата како смртта и заборавот, вели режисерката Ирена Стеријовска.

 Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.