Во Кинотека вечер ќе биде прикажан филмот „Тркало на среќата и фантазијата“ на Рјусуке Хамагучи.

Филмот раскажува три приказни за три женски ликови и ги следи односите меѓу нивните избори и каењето, неочекуван љубовен триаголник, неуспешна замка за заведување и средба која произлегува од едно недоразбирање, наведува во најавата за проекцијата, Амбасадата на Јапонија во Македонија.

Во 2021 година филмот освои „Сребрена мечка“ и истата година кинематографeрката Јукико Иока беше номинирана за „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.