Во рамки на книжевниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата во време на поствистината“, на која ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата „Skopje fellowship“.

Членовите на оваа програма ќе имаат средба и со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Од 20 часот во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Устав на Република Хрватска“ од сценаристот и писател Анте Томиќ. Предвиден е разговор меѓу Анте Томиќ, Миљенко Јерговиќ и Александар Прокопиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.