Под мотото „Ехо на минатото, крик во сегашноста“ од денеска до 19 октомври во „Паблик рум“ ќе се одржи базар на ракотворби во организација на Институтот „Креативна Македонија“.

Целта на овој базар, како што соопшти тимот на „Креативна Македонија“, е да се запознаеме со нашата традиција и култура, претставена преку рачните изработки на талентираните креативци.

Да поттикнеме интерес и љубов кај нашиот подмладок, но и сето ова да им го претставиме на странските гости и добронамерници, кои би станале најголеми промотори на нашата земја, што би придонело за промоција на културниот туризам, стои во соопштението.

Креативците во име на хуманоста донирале свои производи, кои ќе се продаваат на еден штанд, а сите собрани средства одат за лекување на Јана од Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.