Во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, на 28 февруари 2019 година, со почеток во 11.00 часот,ќе се одржи трибина посветена на детската литература во Република Македонија и актуелните состојби во образованието поврзани со изучувањето и читањето на литературата за деца.

На разговорите посветени на овој актуелен и сушетствен миг во процесот на едукацијата на младото поколение се поканети да учествуваат претставници од Катедрата за Македонска книжевност, Педагошкиот факултет, Биро за развој на образованието, Министерството за култура, Град Скопје, писатели за деца, библиотекари, новинари и наставници од средните и основните училишта.

Трибината ќе се одржи во два работни дела. Во првиот би имало најмногу две воведни излагања, (не подолги од пет минути) потоа би следувала дискусија на присутните. Во вториот дел на трибината би се усогласиле заклучоци од разговорите, кои подоцна во писмена форма,ќе бидат доставени до надлежните институции, медиумите и јавноста.

Трибината ќе работи според следните тези за разговор:

Актуелните состојби во образовниот процес во средните и основните училишта поврзани со македонската книжевност и литературата за деца.
Инститиционална поставеност на процесот на образованието и застапените програми.

Каква е улогата на семејството и институциите на предучилшно образование во доближувањето на книгата до децата?

Колку задолжителната литература и лектира го оформува процесот на доближувањето на книгата до најмаладиот читател?

Колку во Република Македонија се објавува литература за деца и со каков квалитет е таа?

Колку преводната литература е застапена во процесот на образованието. Кои дела се преведуваат и со каков квалитет се тие?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.