Јубилејот 20 години од премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски на отворањето на Венецискиот фестивал во 2001, ќе биде одбележан со презентација на филмот на три угледни платформи на денот од годишнината.

Во недела, 29 август, Македонската радио телевизија ќе го емитува во 23 часот, во 20 часот ќе биде прикажан под отворено небо во дворот на Кинотека, а на фан страницата на Манчевски на Фејсбук (https://www.facebook.com/Milcho.Manchevski ) ќе биде поставен линк за бесплатен стриминг на филмот.

Билетот во Кинотека чини 100 денари, а секој посетител ќе добие подарок пакет од три ДВД-ја со филмови во режија на Милчо Манчевски, „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“.

Како вовед во емитувањето на МТВ, поместен е кус видео есеј од директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.