Во рамки на 46-то издание на Младинскиот отворен театар вечерва на програмата се три изведби кои ги претставува Локомотива – Скопје, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.

Станува збор за премиера на „Силата на С” на Александар Георгиев (Македонија, Бугарија и Шпанија), „Поезис на себството“ на Снјежана Премуш и Рок Вевар (Словенија) и Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени („DOWL“) на Соња Преград (Хрватска).

„Силата на С“ е во авторство режија и кореографија на Александар Георгиев во соработка со Жана Пенчева од Бугарија и Дарио Барето Дамас од Шпанија. Улогите ги толкуваат Дарио Барето Дамас, Жана Пенчева и Александар Георгиев. Музиката е на Цветан Момчилов, а графички дизајн на Ѓорѓи Десподов.

-„Силата на С“ произлегува како еден од резултатите од кореографското истражување „КО-серии“ на кореографот Александар Георгиев, кое се занимава со праксата на ко-егзистирање преку кореографија и танц, а ова дело се занимава со истражување на делови од телото кои се покриени, срамни или цензурирани, и им дава поинаков визуелнен и афективен однос, се наведува за претставата.

Оваа претстава на МОТ е поддржана од Министерството за култура на Македонија и Град Скопје.

Авторка и режисерка на „Поезис на себството“ е Снјежана Премуш. Претставта е создадена и ја изведуваат Снјежана Премуш и Рок Вевар кои се и автори на текстовите, а во продукција на Федерација Институт Љубљана и копродукција на Бункер, Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.