Авторот на првата македонска рок енциклопедија, музичар и вљубеник во оваа уметност, Тошо Филиповски ги повика членовите на комисиите за распределба на сретствата од Министерството за култура да објаснат според кои критериуми ги делеле сретствата од Годишната програма.

Се снаоѓа ли некој во оваа каша-попара од резултати и табели? Има некоја НЗС? Успевате ли да ја доловите стратегијата на Министерството? Или некои делови/табели недостасуваат? Што сакаат да постигнат? Да не поделат етнички…..вредносни критериуми гледам нема….па ни финансиски….кому-колку? Ќе напишат комисиите/комисијата, врз основа на кои критериуми отценувале и делеле средства? Гледам дека доминантна е класичната музика, детските фестивали, гостувања на страснки DJ….некои проекти кои што не можам да ги сватам што се…..и да не набројувам…..Тука е фокусот за музичката култура за 2019та? Македонската урбана сцена (rock, jazz, blues,, alternative, punk. metal, funk, electronic…..etc….. повторно е понижена/погребана колку што гледам…..Навистина ми треба малку време да се соземам па да посериозно прокоментирам…..очајно е ова !!!! Документирање/монографија за/на “Македонската Музичка Дискографија 1963-2019”, е неважен културен момент за ова Министерство за (не)култура? Само класичната музика е единствениот достоен културен репрезент на културата кој треба да биде претставен пред нашите иселеници….а не и серија на предавања (аудио/визуелни и наративни) за Историјата на Македонската Рок музика….Домашната рок сцена не смее да објавува изданија и да одржува концерти? Г-дине Министре, Г-дине/Г-ѓо Советник за Култура на Премиерот, Гп-дине Портпарол на Владата…Господа советници на Минситерот, Министри, Заминици Министри….Комисијо која одлучуваше…..ќе дадете појаснувања за овие резултати кои најмалку ќе произведат КВАЛИТЕТНА/ВРВНА културна (музичка) понуда, напиша Филиповски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.