Актерот Марко Живиќ почина вчера, во 49-та година од животот како последица од Ковид-19. Последните три недели ги поминал во болнички кревет.

Ќе остане запаметен по својата богата театарска и телевизиска кариера.

Од Живиќ на социјалните мрежи се прости и нашиот познат актер Тони Михајловски.

– Почивај во мир Маре. Нека ти е лесна земја, напиша Михајловски.

Особено бил приврзан за родниот град поради црквата Лазарица, каде, како што зборувал, секогаш доаѓал, кога и да бил во Крушевац. Како што за Крушевац рекол дека тоа е неговата куќа – Лазарица за него била како столб на таа куќа.

„Бог е во сите нас, и верата е во сите нас, како и желбата да се помогне. Моето семејство и јас со години се трудевме да помогнеме таму каде што можеме. Мислам дека тоа е нашата задача. Утре животот ќе заврши, а што си направил ако не си помогнал?“, велеше Марко.

Актерот знаел да нагласи дека понекогаш посебно сакал да поминува време сам.

„Мислам дека самотијата ја носи суштината на човекот. Мислам дека кога ќе си ги средиш своите мисли, и туѓите ќе ти бидат појасни“.

Зборувал и за пријателството, меѓу другото, сеќавајќи се на пријателот на неговиот татко, чии ставови по тоа прашање и тој ги прифатил. Меѓу нив е и пораката дека ‘пријателите опстануваат само кога еден од нив знае кога треба да замолчи’.

Себеси се сметал за емотивен човек и истакнувал дека токму актерот е тој што треба да ѝ обезбеди емотивност на публиката што може и треба тоа да го препознае.

Се држел до идејата дека јавните личности имаат обврска да ја преземат едукативната улога.

„Сè додека можам со своите постапки, дела, улоги, пријателства, мојата хумана работа – да помогнам, јас ќе бидам тука. Оној момент кога не ќе можам, ќе се повлечам“, рекол еднаш за „РТС“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.