Томислав Османли е добитник на „Рациновото признание“ за 2020 за прозното остварување „Парадоксикон“ на манифестацијата „Рацинови средби“ што заврши синоќа во Велес.

Се чувствувам почестен од доделувањето на угледната награда, особено што мојата книга ја привилегира жири на истакнати уметници и културни дејци. Почестен сум што станав носител на нашeтврвно литературно признание кое се доделува, еве безмалку шест децении, а го носи светлото име на Коста Солев – Рацин, еден од мугрените предвесници на современата македонска литература и, безостатно и несомнено, на идејата на современата македонска демократска државност уште од времињата кога таа се војувала саможртвено, со највисоки идеали, со борба, со крв, со мечта и со песна. На Рацин со кој се гордее и кого не прекинува високо да го чествува овој достоинствен град и неговата доблесна Управа, која привилегира литературата и – во овие ненаклонети времиња – високо ја претпочита културата – изјави Османли.   

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.