Вчерашната одлука на Владата за основање на Национална установа “Центар за култура на турската заедница во Република Македонија” со седиште во Скопје е историски чин за турската заедница, која прв пат во историјата на независна Република Македонија добива национална институција која ќе ги афирмира и негува културните вредности на Турците во Македонија, велат од Партијата за движење на Турците.

Со одлуката за основање на оваа национална установа, Партијата за движење на Турците – ТХП исполнува една од клучните точки на партиската програма, што нѐ прави особено среќни и горди, а и нѐ мотивира да продолжиме да креираме и да се залагаме за политики кои носат добробит за турската заедница, но и целокупното општество.

Со оваа национална установа од доменот на културата ќе се поттикне и ќе се промовира интеркултурализмот и ќе се овозможи афирмација на културата на турската заедница, со што Владата докажува дека се грижи и за помалкубројните заедници во нашата земја, стои во соопштението на Партија за движење на Турците – ТХП.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.