Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска го прослалвува 29-от роденден. На денешен ден, на пладне, во Универзална сала пред 1.500 гледачи беше изведена првата претстава на тогаш штотуку родениот Театар за деца и младинци – Скопје „Чудовиштата од нашиот град“, по текст на Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски.

Девет години подоцна, тогашниот директор и основач на театарот Љубомир Чадиковски, успеа да го вдоми театарот во свој простор, каде и ден денешен се создаваат најубавите детски и младински приказни. По тој повод, а и по повод на неделата посветена на Светските чевствувања на театарот за деца и младинци и куклениот театар, ТДМ спроведе низа активности, меѓу кои и работилница за „Бон тон“ во театарот и бесплатна посета на претстава за децата од „СОС детското село“. Радосни, среќни и целосно посветени на театарот за деца и младинци, продолжуваме со создавањето квалитетни проекти за нашата публика, соопштија од ТДМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.