Откако Владата на седница донесе и официјална препорака да се откажат јавните настани и собири до 6 март поради корнавирусот, дел од организаторите ги откажаа настаните.

Македонскиот народен театар (МНТ) и Театар „Комедија“ објавија дека ги откажуваат сите претстави до тој датум. Откажан е и музичкиот фестивал „Мозаик“ кој вечерва требаше да се одржи во А1 Арената во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на кој требаше да настапат десетина музичари. Организаторите на овој настан најавија дека дополнително ќе известат за нов датум.

И Центарот за култура -Битола го откажа концертот на  The Frajle и го презакажаа за 3 април, 2020 / петок. Првиот концерт ќе започне во 18.00ч, а вториот во 21.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.