Актерот и некогашен директор на Драмски театар и активист на Шарена револуција, Сашо Тасевски, ги повика културните институции на бојкот кон Министерството за култура.

Директори на театри и на други институции во културата… Македонци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи. Ако има останато барем малку пркос во вас и достоинство, бојкотирајте ги средствата дадени за проектите во 2019 кои и онака се помали од минатата година поради дискриминаторска поделба на истите, по албански етнички клуч. На тоа дивеење еднаш мора да му се стави крај. Бојкот. Вратете им ги парите од сметка. Претставите правете ги на гола сцена. Вака едно општество за сите не се гради. Ова е апартхејд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.