Свеченото отворање на 42-рото издание на манифестацијата „Скопско лето“ на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката „Fete de la Musique“, ќе се одржи вечерва, 21-ви јуни (понеделник).

Манифестацијата ќе се отвори со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, којашто ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет, а ќе биде со почеток во 21:00 часот. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер Трајко Јордановски. Настанот е во соработка со Националната опера и балет. Учествува Оркестарот на Националната опера и балет, додека испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.

Ќе се изведуваат дела од Маскањи, Мусоргски, Пучини, Чајковски, Гуно, Леонкавало, Белини, Верди.

Билетите се во продажба на билетарата на Националната опера и балет по цена од 300 и 400 денари и онлајн на https://www.karti.com.mk/od-orkestarot-za-publikata.nspx

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.