Со поетско музичка вечер што се одржа во рамки на манифестацијата „Гевгелиско културно лето“, на платото пред библиотеката во Гевгелија свечено се одбележа јубилејната 75 годишнина на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

На присутните им се обрати директорот на градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, книжевник Стефан Марковски, кој говореше за предизвиците со кои се соочува ДПМ, за значењето на литературното творештво во современи услови и за борбата за освојување поголема читателска публика.

На прославата на јубилејот на ДПМ, со поетско читање со свои творби пред гевгеличани се претставија Снежана Стојкоска, Диме Ратајкоски, Југослав Петровски, Гордана Стојкока ,Александар Прокопиев и уште десетина членови на друштвото, во кое досега членувале преку 500 писатели од сите генерации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.