Согласно Меморандумот потпишан од страна на Државниот архив и Меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата”, Охридскиот архив започнува со дигитализација на фестивалската документација.

Со проектот ќе бидат опфатени сите документи и богатото културно наследство на Струшките вечери на поезијата за периодот од 1963 до 1990 годин.

Со дигитализацијата на обемниот материјал собран во повеќе од 50 кутии ќе се заокружи и зачува вредната документација на фестивалот со светско реноме.

Проектот целосно го спроведува Државниот архив и подрачното одделение во Охрид, а на процесот на дигитализација ќе работат архивистите Викторија Костоска, Елизабета Јованоска, Едис Абди, Мартин Ристески и Сеадете Османи, објави МИА.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.