Се уште нема разрешница за случајот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица кој во јавноста стана синоним за партизација во институциите од културата. И по три месеци, актертите чекаат антикорупционерите да се изјаснат за одлуката за генерален директор на НУЦК „Антон Панов„ да се назначи професор по физичка култура. Не добија ниту одговор на писмото кое пред една недела и го доставија на министерката во кое бараат нејзина оставка.

Ресорната министерка не ни одговори ништо.Не игнорира!. Државната комисија за спречување на корупција нема официјален одговор до нас. Имаме најви дека се собира документција. Од Управниот суд добивме барање за уредување на нашата тужба, соопшти Ванчо Василев, актер во Центарот за култура „Антон Панов“.

Актерите не отстапуваат од своето барање, министерката да го отповика Бубев и на негово место да се назначи нов директор кој ќе биде со соодветно образование и признанија.

Се уште немаме заземено конкретен став што точно ке се случува понатаму. Но ако продолжи игорирањето ќе се радикализирамe, вели актерот Ванчо Василев.

Струмичките актери влегоа во фокусот откако за генерален директор на Центарот за култура министерката го назначи Васил Бубев, наставник по физичко и поранешен директор на градинка.

Актерите незадоволни од таквата одлука јавно ги презентираа документите од апликацијата на Бубев и оганизираа протести. Иницијативата „Фискултура или култура„ која бара департизација во културните институции е поддржана од над 320 културни работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.