Претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ, а во продукција на Драмски театар Скопје утре ќе учествува на 54. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со почеток во 19,30 часот.

Во претставата „Странци“ учествуваат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Гласовните фрагменти ги позајмија: Анастас Тановски, Маја Вељковиќ – Пановска, Огнен Анастасовски, Викторија Рангелова – Петровска, Ивана Павлаковиќ, Саше Ѓорѓиев, Емилија Мицевска, Никола Наумоски, Димитрија Доксевски, Александар Ивановски.

Драматург на претставата е Викторија Рангелова Петровска. Костимограф Роза Трајчевска Ристовска, а музиката ја компонираше Огнен Анастасовски.

Премиерата на „Странци“ беше на 12 мај 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.