Режисерот Столе Попов на синоќешното 23. издание на „Златна Бубамара на популарноста“ ја доби наградата за животно дело во областа на филмот. На видео бим во салата беа прикажана изнсерти од „Дае“-првиот македонски филм кој доби номинација за „Оскар“, „Тетовирање“, „До балчак“…Правејќи ретроспектива на неговата работа, сите присутни се присетија на неговата големина, талент и богата кариера.

Не ми се верува дека поминаа 50 години од мојот прв краток филм, а 40 од првиот игран филм. Тоа е доказ дека времето навистина лета. Низ овие години, се раководев од златното правило на секој филм да приоѓам со отворено срце и душа, воден од инстинкти и интуиција и тоа е единствениот пат да се направи добро дело. Но, не го заборавив и она што ми го кажуваше мојот учител. а тоа е дека, секое уметничко дело, а посебно филмот се раѓа два пати. Еднаш кај оние што го создаваат, а втор пат кај оние што го погледнале. Филмот е успешен колку што ќе успее да разбуди емоции кај гледачот, рече Столев Попов при примањето на наградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.