Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира свечен собир по повод 100-годишнината од раѓањето на академик Димитар Митрев.

Собирот ќе го отвори претседателот на МАНУ академик Таки Фити.

Предвидено е обраќања да имаат академик Витомир Митевски, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, академик Катица Ќулавкова, проф. д-р Веле Смилевски, д-р Ангелина Бановиќ-Марковска и проф. д-р Илинка Митрева.

Академик Димитар Митрев (14 октомври 1919 – 24 февруари 1976), еден од основоположниците на македонската книжевна критика и теорија, е автор на 15-ина есеистички трудови. Тој бил критичар, есеист, полемичар, антологичар, фељтонист. Митрев е еден од основачите на ДПМ, во неколку наврати бил негов претседател, декан на Филозофскиот факултет, ректор на Скопскиот универзитетет и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.