Министерката за култура, Ирена Стефоска  и  вработените во НУ Театар Комедија се договорија во следниот период  да го одржат професионалното ниво на соработка и високото реноме на институцијата, соопштија од Министерството за култура.

Стефоска ги информираше вработените дека согласно Законот за култура, денеска е објавен  Јавниот  оглас  за нов директор со полн мандат од 4 години. Беше договорено, за времетраењето на Огласот, што е 15 дена, в.д.директор на установата да е актерката, од редот на вработените, Магдалена Ризова Черних, а уметнички раководител да е драматургот Дарко Јан Спасов.

Министерката Стефоска и ансамблот на НУ Театар Комедија изразуваат искрена желба на Јавниот оглас да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, и најквалитетниот кандидат да биде избран за директор со редовен мандат. На тој начин, еден од омилените театари во земјава ќе продолжи со успешниот репертоар, за кој низ годините се бара карта повеќе, велат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.