Македонскиот народен театар соопшти дека актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Јавноста со неверување, се простува и споделува мислења за него. Министерката за култура, Ирена Стефоска, изрази сочувство преку социјалните мрежи.

Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша. Славиша Кајевски (1982 – 2021)“, напиша Стефоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.