Министерката за култура Ирена Стефоска денес информира дека Националната комисија го усвоила извештајот за напоредокот на земјата за УНЕСКО.

Според процедура тој беше на седница на Влада и мислење од сите други институции, тие процедури се завршени. Извештајот се преведува, мора да е преведен совршено и утревечер најдоцна ќе биде испратен до Центарот за светско наследство при УНЕСКО, соопшти министерката.

Според неа, Охрид и Охридскиот Регион мора да станат национален стратешки приоритет, точка на обединување, и само така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од Центарот за заштита на светското културно наследство на УНЕСКО.

Одговорноста е само кај нас. Не амнестирам никого од одговорност, но, за жал, има институции кои не си ја завршуваат работата, рече Стефоска.

Министерката рече дека се работи интензивно и очекува со добра меѓусебна комуникација да може подобро и поефикасно да се исполнат обврските од страна на реактивната мониторинг комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.