Македонската балерија Стефанија Гаштарска е првата Македонска која доби работа во Бољшој театарот. Таа на шеснаесетгодишна возраст настапи во светски познатиот театар Бољшој во Москва во улогата на принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“, на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа (1818-1910), на којашто настапија 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.